дома Македонија МИЦКОСКИ ЗА ДИМОВСКИ: Човек со кичма и став, жртва на политички прогон

МИЦКОСКИ ЗА ДИМОВСКИ: Човек со кичма и став, жртва на политички прогон

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази поддршка за поранешниот министер Љупчо Димовски, откако Комисијата за мандатно имунитетни прашања одлучи да му предложи на Собранието да му се одземе имунитетот на пратеникот, за да може судот да му изрече мерка притвор.

-Човек кој безпоштедно се троши за Македонија! Човек со кичма и став, и поради сето тоа жртва на политички прогон. Љубац до крај заедно, во добро и во лошо… – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Инаку со 5 гласа За и 4 Против, членовите на Комисијата за мандатно имунитетни прашања одлучи да му препорача на Собранието да се одземе пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Димовски по барањето на судот за одобрување на притвор.

Одлуката на Комисијата, сега треба да биде доставена до претседателот на Собранието Џафери, кој треба да закаже пленарна седница на која ќе се одлучува дали ќе му биде одземен имунитетот на Димовски.

Димовски е под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на буџетот.

Вчера им беше одреден притвор и на Михаил Цветков и Христијан Делев, а куќен привор за екс министерот Ацо Спасеноски.