дома Политика МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ОРБАН: Лидерот на опозицијата се сретна со Унгарскиот...

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ОРБАН: Лидерот на опозицијата се сретна со Унгарскиот премиер

На маргините на самитот на Европската народна партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари билатерална средба и со Виктор Орбан, претседател на Фидес и премиер на Република Унгарија. На средбата беше констатирана добрата соработка помеѓу политичките партии на ВМРО-ДПМНЕ и Фидес.

Воедно од страна на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан беше афирмирана поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски ја искористи приликата да му ја честита неодамнешната победа на парламентарните изборите и да му посака успех во работата како премиер на Република Унгарија и продолжување на одличната меѓусебна соработка.