August 18, 2022, 9:10 am

Мицкоски открива што велат анкетите: ВМРО со водство од 6 проценти пред СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг за новинарите со јавноста ги сподели внатрепартиските анкети кога станува збор за партиските рејтинзи во Македонија.

Анкетата на опозицијата упатува на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилно водство од речиси 7 проценти пред владеачката СДСМ, односно доколку утре се одржат парламентарни избори 21,7 отсто од гласачите гласот ќе го дадат за ВМРО-ДПМНЕ, а 14,9 проценти од граѓаните својот глас ќе го дадат за СДСМ.

Од она што може да се види од анкетата е дека ДУИ и Левица се речиси изедначени во своите рејтинзи, односно Левица има благо водство пред ДУИ од 0.4 проценти со поддршка 8.6 проценти од граѓаните, а ДУИ има поддршка од 8.2 проценти од гласачкото тело.

Последна на листата е Алијанса за која довербата би ја дали 5.6 проценти од гласачите на парламентарни избори. Овие пресметки се направени на 65 проценти излезеност.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This