дома Актуелно Мицкоски: Прашањето е за што се трошат парите кога државниот долг е...

Мицкоски: Прашањето е за што се трошат парите кога државниот долг е зголемен за една милијарда евра, а како потрошиле само 190 милиони евра

ММФ за Западен Балкан вели дека ја корeгирала претпоставката за пaдот на економијата. Тезата дека мора да има пaд во економијата ниту во минатото, ниту сега не ја негира. Прашањето е за што се трошат народните пари, ако вие имате реализиација во првите три пакети од 195, 196 милиони евра, а биле предвидени 550. Истовремено државниот долг само во вториот квартал е зголемен за една милијарда евра, ако имаме на дневна основа троцифрена бројка на зapазени од КОВИД затоа што никако не излегуваме од овој прв бран кој прогласивме дека сме го победиле во втората половина на мај, тогаш во четвртиот пакет очекувате дека ќе има реални мерки, а не ова што се понуди, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Тој посочи дека допрва очекува реални забелешки.

-Забелешките ценам допрва ќе следат, зошто испораката е многу важна. Значи важно е дали и како ќе се спроведуваат мерките зошто овие до сефа не беа рeализиарни, рече Мицкоски.