February 7, 2023, 10:53 pm

Мицкоски: Прашање до сите граѓани на овие избори е дали сте подготвени да им дадете нови 4 години на оние кои не држеа до зборот, лaжeа, kpaдеа?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова можеби се само локални избори, но ако се погледне подлабоко овие локални избори се многу повеќе од тоа. Од овие локални избори зависат многу работи, сите поврзани со иднината на нашата Македонија. Изборот е едноставен, на овие избори или ќе продолжи корупцијата, криминалот, хаосот, немањето правда, стагнација на државата, експерименти во образованието, пропаѓање и нехуман однос кон земјоделието, или ќе создадеме сите заедно една нова поинаква, различна, подобра иднина, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред граѓаните на митинг во Струмица.

Мицкоски потенцираше дека прашањето кои што треба да си го постават и одговорат граѓаните е дали се подготвени да им дадат нови 4 години на СДСМ, за кои како што рече ги изневериле и излажале граѓаните, не држеле до зборот, краделе и лажеле.

Прашањето на кое сите ние треба да одговориме на овие избори е, дали сме подготвени да им подариме уште нови 4 години на истите луѓе кои веќе два пати до сега ги изневерија очекувањата, не држеа до зборот, даваа лажни ветувања, и потонаа опиени во својата моќ и ароганција, во корупција, играјќи си со вашите животи. Дали навистина сметате дека се најдоброто во државата? Дали Струмица и струмичани живеат најдобро, праша Мицкоски.

Одговорот на овие прашања заедно со нивната ароганција која му пречи на народот е содржан во нивниот слоган. Зоран Заев 52 месеци го возат во службени лимузини, 52 месеци семафорите се палат и гасат за Зоран Заев, 52 месеци ги злоупотребува привилегиите на власта. А што има за возрат направено? За народот нема ништо, заклучи Мицкоски.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА!

ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This