дома Македонија МИЦКОСКИ: Предвремените избори не дошле на дневен ред на лидерската средба

МИЦКОСКИ: Предвремените избори не дошле на дневен ред на лидерската средба

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ иако бараше едно од темите на лидерската средба да бидат предвремени парламентарни избори, денеска партискиот лидер Христијан Мицкоски рече дека оваа точка воопшто не дошла на дневен ред на вчерашните седумчасовните преговори.

На дневниот ред на лидерската средба имаше повеќе точки. Се исцрпе само првата точка. Остана точката за предвремени избори, рече тој.

Мицкоски исто како и Зоран Заев рече дека разговорите не завршиле, туку дека доколу има услови може повторно да седнат на заедничка маса.