дома Македонија МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ВУЧИЌ: Македонија мора да гради добрососедска политика базирана...

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ВУЧИЌ: Македонија мора да гради добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со претседателот на Србија и претседател на СНС, Александар Вучиќ.

–Во текот на средбата се дискутираше за состојбите во регионот, можностите за соработка кои стојат на располагање. Воедно се разговараше и за соработката помеѓу двете сестрински партии и искористување на потенцијалите на тој план. Двајцата соговорници се осврнаа на потребата за добри билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. –Република Македонија треба да гради отворена, рамномерна добрососедска политика базирана врз принципи и искрени вредности, истакнал Мицкоски.