дома Македонија Мицкоски: Ситуацијата со трошење на државните пари во непродуктивни трошоци на владата...

Мицкоски: Ситуацијата со трошење на државните пари во непродуктивни трошоци на владата е алармантна

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата„Економски Магазин“ на ТВ Алсат-М посочи дека постојат сериозни индиции кои покажуваат дека државните пари се трошени на непродуктивни работи.

– Доаѓаме до една клучна ситуација, а тоа е каде се трошени парите? Тоа е клучно. Парите се непродуктивно трошени и за тоа треба да одговори министерката за финансии после 12 април.Според оние индиции кои што јас ги имам односно информации кои што доаѓаат до мене навистина се плашам дека ситуацијата е алармантна, вели Мицкоски.