дома Актуелно МИЦКОСКИ УБЕДЕН ВО ПОБЕДА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ: Јас го земам бајракот, со секој...

МИЦКОСКИ УБЕДЕН ВО ПОБЕДА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ: Јас го земам бајракот, со секој еден од вас, подеднакво како и вас, до вас и со вас, и ви велам, ќе победиме!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот ФБ профил, додека трае конвенцијата во Струга, гарантира дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на претстојните претседателски избори


„Јас го земам бајракот, со секој еден од вас, подеднакво како и вас, до вас и со вас, и ви велам, ќе победиме. Ве гледам во очи и ви велам, ќе победиме! Ќе ги донесеме промените кои се потребни, а Македонија ќе ја сочуваме. Ќе донесеме подобро утре, со план и со стратегија, со срце и со длабок разум, за нашата земја!“ – пишува Мицкоски.

Досега на конвенцијата се обратија сите кандидати меѓу кои и Филип Петровски, Влатко Ѓорчев и Гордана Силјановска – Давкова.