дома Политика Мицкоски: Ќе излеземе на улица ако цената на струјата драматично се зголеми

Мицкоски: Ќе излеземе на улица ако цената на струјата драматично се зголеми

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на ТВ АЛСАТ М, говорејќи за енергетската криза со која се соочува државата, вели дека доколку дојде до зголемување на електричната енергија ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на протест против зголемувањето.

Нормално дека ќе протестираме, зошто да не протестираме. Па ќе протестираме ако цениме дека се вообразени се, не сакат да слушнат и не сакаат да му помогнат на народот и ќе го повикаме народот на протести, нормално, стандардот на граѓаните е пред и над се, тој е уставот загарантиран, потенцираше Мицкоски