дома Македонија Мицкоckи coглaceн за формирање тexничка Bлaда

Мицкоckи coглaceн за формирање тexничка Bлaда

Пред крајот на февруари, после бегството на Сашо Мијалков лидерот на ВМРО ДПМНЕ, истакна дека договореното бегство е капката која ја прелила чашата на трпението и недостоинствениот живот на граѓаните, па порача дека е време за техничка влада.

Потребна е оставка на целата Влада и формирање експертска влада, порача тогаш Мицкоски.

-Важно е да направиме техничка влада која ќе подготви терен за фер избори. Да избереме влада на чест, која ќе обезбеди тоа што овие мафијаши не можат, а тоа е достоинствен живот, рече Мицкоски.
Во таа прилика тој нагласи дека додека МВР пишува казни на народот и секое утро се фали колку казни напишале за неносење маски, додека вистинските криминалци и мафијаши слободно се шетаат.

Формирањето на техничка влада е предлогот кој сега после десетина дена, Зоран Заев го прифаќа како опција.