дома Политика Мицkockи: Вечерва недостасуваше уште да му се извинат на Миjaлков

Мицkockи: Вечерва недостасуваше уште да му се извинат на Миjaлков

Доста со навреда на интелигенцијата на народот. Ја претераа. Човекот ве гледа во очи и ве лаже, мака нема. Си играат мајтап додека мафијата царува. Денеска стана совршено јасно за секој граѓанин дека имаат договор. Прво, се договорија да избега, па да се врати со посебен третман, со насмевка со шамар за полицијата, судот, Обвинителството, со шамар за власта. Вечерва недостасуваше уште да му се извинат, истакна на конференција претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој за Мијалков истакна:

„Денеска доброволно се прошета пред камерата пред владина телевизија. Полиција нема, ама камера има. Бегалецот од правдата доби куќен, наместо притвор. Конечна правда ќе има кога двајцата ќе бидат во затвор.

Зоран Заев денеска мекедонскиот народ го гледаше во очи и го лажеше. Заев денеска требаше да одговори за сите бегалци кои ја напуштија Македонија. Тој е должен да одговори на овие прашања, истакна меѓу другото Мицкоски.