дома Хроника МЛАДА ДЕВОЈКА ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ ВО СООБРАЌАЈКА: Автобус на ЈСП удрил во...

МЛАДА ДЕВОЈКА ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ ВО СООБРАЌАЈКА: Автобус на ЈСП удрил во „Пежо“ во нас.Гоце Делчев

Девојка на возраст од околу 25 години попладнево го загуби животот во сообраќајка несреќа која околу 16:30 часот се случила во населбата Гоце Делчев, скопско, јави Курир.

Според информациите на порталот во несреќата учествувале автобус на ЈСП и автомобил „Пежо“ кој го управувал сега починатата девојка.

По тешката сообраќајка девојката била пренесена во Ургентниот центар каде им подлегнала на повредите.

Од полицијата потвдруваат дека случена е сообраќајна несреќа, но повеќе детали ќе бидат познати подоцна.