дома Локално МЛАДИТЕ ВО АКЦИЈА: Поставени хранилки за кучињата скитници во Битола

МЛАДИТЕ ВО АКЦИЈА: Поставени хранилки за кучињата скитници во Битола

Наместо празни зборови и „ќе“ ветувања, младите од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола се впуштија во акција за помош на кучињата скитници во градот, поставувајќи хранилки во градскиот парк


„Поради преголемата појава на отруени кучиња скитници, ние младите, од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, дојдовме до идеја да направиме инпровизирани хранилки кои ќе бидат поставени на неколку места во градскиот парк со што ќе придонесиме за намалување на оваа лоша практика и навика.

Ги повикуваме сите битолчани, а и надлежните служби, да се грижат за овие хранилки, да не ги отстрануваат и доколку се во можност во истите да донираат храна, како би се избегнале понатамошни труења на животните.
Исто така, апелираме до сите здруженија за заштита на животните и младински организации, да ни се приддружат и тие да изработат неколку вакви хранилки со што би ги зголемиле пунктовите за храна на животните.

Ние од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, ги замолуваме сите битолчани да се грижат за животните, да не ги трујат, мачат и тепаат бидејќи и тие имаат душа.

#МладиКоиПраватРазлика
#ВоМладитеЕСилата
#УМСБитола “ – информираат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.