Герила акција за обнова на урбаната опрема денес испрати порака дека градоначалникот на општина Центар не си ја врши својата работа. Фотографиите кои стигнаа до редакцијата на Скопје Инфо сведочат за тоа.
Денес на клупите во општината осамна порака: Кога градоначалникот не работи, младите работат!
Тие ги обновија клупите во оваа скопска населба и на симболичен начин му порачаа на градоначалникот дека општина стагнира со инвестиции и дека граѓаните сакаат проекти, а не празни ветувања.