November 29, 2022, 3:16 pm

Може да пропадне автомобил: 20 метарската дупка повторно се отвори на патот Дебар – Маврово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дупка длабока од 15 до 20 метри одново се отвори на патот Дебар – Маврово. Очевидци за Нова Македонија велат дека брзата реакција на случајни минувачи спречила трагедија. Објаснуваат дека дупката е голема и може да пропадне автомобил, но и дел од автобус, доволно за да се преврти.

Ова е вторпат за два месеци да се отвори дупката, на истото место, кај Косовашки мост. Станува збор за фреквентно место. Претходно, истиот проблем се појави во септември, кога се претпоставуваше дека причина е лизгање на земјиштето. И сега, како и претходно, патот е затворен поради можност дупката да се прошири и на другата лента.

Нејзиното санирање е должност на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This