дома КОВИД-19 (Коронавирус) МОН: Рaспоред на лекциите за утре во рамки на проектот ТВ училница

МОН: Рaспоред на лекциите за утре во рамки на проектот ТВ училница

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми ги известува учениците за распоредот на лекциите за утре кои ќе се оддржат во рамките на проектот ТВ – УЧИЛНИЦА!

Утре (17.03.2020) со почеток од 10:30 училишниот час по Природни науки (I одделение), Математика (I и II одделение), Музичко образование (II одделение) и Слободно време (I до III одделение) на македонски наставен јазик ќе го одржи одделенскиот наставник Билјана Ивановска од ООУ “Вера Јоциќ” општина Гaзи Баба, исто така со почеток од 12:30 истите предмети на албански наставен јазик ќе ги одржат одделенските наставници Хатиџе Топали, од ООУ “Петар Здравковски – Пенко”, и Мерита Ајдини од ООУ “26 Јули” општина Шуто Оризари.