дома Македонија МОРАШЕ ДА ИНТЕРВЕНИРА АРМ: Македонија блокирана од снег, болни дечиња од штипско...

МОРАШЕ ДА ИНТЕРВЕНИРА АРМ: Македонија блокирана од снег, болни дечиња од штипско со армиски возила пренесени во болница

Две болни дечиња на возраст од шест и осум години од штипското село Почивало со возила на АРМ попладнево се однесени во општата болница во Штип.

Како што објави АРМ на својот фејсбук профил, поради снежните врнежи единствено само со армиските возила било возможно да се дојде до селото и да им се помогне на дечињата да бидат пренесени во болница.

Припадниците на АРМ интервенирале со три возила, оклопен транспортер, хермелин и хамер, откако општинската Дирекција за заштита и спасување не успеала да се пробие.