дома Русија МОСКВА ОДГОВОРИ НА УШТЕ ЕДНА ПРОВОКАЦИЈА: Кога амбасадорот во САД раководи со...

МОСКВА ОДГОВОРИ НА УШТЕ ЕДНА ПРОВОКАЦИЈА: Кога амбасадорот во САД раководи со процес во Македонското собрание тоа не е ништо, но кога рускиот присуствува на настан тоа е интервенција?!

Антируската кампања која се повеќе добива на интензитет во регионот, со највпечатливи активности во Македонија и Црна Гора, уште еднаш предизвика реакција од Москва, овој пат за натпис во црногорскиот весник „Победа“, каде беше објавен текст во кој рускиот амбасадор беше обвинет за „интервенција“ бидејќи учествувал на настан на кој бил уредно поканет од страна на државните власти

 

„Навистина, сосема друга работа е кога премиерот на Албанија агитира да се гласа за одреден кандидат на председателските избори во Црна Гора, кога Американскиот амбасадор во Подгорица ги повикува граѓаните на Црна Гора да излезат на парламентарните избори, кога Американскиот амбасадор во Скопје во зградата на Собранието фактички го раководи процесот на донесењето на одлуките кое што пропадна на неодамнешниот референдум. Сето ова е “битка за демократија”. И кога еден руски дипломат ја добива официјалната покана да учествува на настанот и отворено го посетува без никакво кршење на етиката, ова е веќе интервенција.“ – вели Захарова, пренесуваат од Руската Амбасада во Македонија.