дома Балкан Москва пpeдупредува дека на Балканот се работи на постепено остварување на Голема...

Москва пpeдупредува дека на Балканот се работи на постепено остварување на Голема Албанија

По потпишувањето на меморандумот за воспоставување конференција на сите општини со албанско население на Балканот, реагираше руското МНР.

https://twitter.com/MID_RF/status/1336404752993824769

Портпаролката Мариja Захарова изјави дека е „забележителна зголемената активност во Тирана, Скопје и Приштина со изразен „големоалбански“ карактер, пренесе МКД.МК.

Станува збор за обид за постепено формирање на „заеднички албански простор“ надвор од правната реалност, напиша таа на официјалниот твитер профил на руското МНР.

Захарова вели дека Тирана, Скопје и Приштина имаат крајна цел да ја промовираат идејата за Голема Албанија.

Меморандумот се однесува на унапредување на соработката на локалните самоуправи, „но во реалноста тоа е обид да се создаде пан-албански простор, игнорирајќи го територијалниот суверенитет и границите на меѓународно признатите држави“, вели Захарова и ја повика Европската Унија, која посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина, да ги принуди косовските Албанци да се придржуваат до договорите.

„Унијата треба да спроведе врамнотежена политика по ова прашање и интензивно да работи на почитување на договореното“, напиша Захарова.