дома Хроника МОТОЦИКЛИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА: Автомобил Рено удрил во мотоциклист на скутер

МОТОЦИКЛИСТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКА: Автомобил Рено удрил во мотоциклист на скутер

Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера во 20,35 часот се случила на улица „Методија Андонов Ченто“.

Од полицијата информираат дека патничко моторно возило „Рено Лагуна„ управувано од А.К.(28) од Скопје се судрило со мопед Хамачи управуван од Б.С.(65) од Скопје.

-По случената незгода учесникот Б.С. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски„ за укажување лекарска помош каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.