дома Хроника МОТОЦКЛИСТ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПО СУДИР СО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО: Полицаецот на...

МОТОЦКЛИСТ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПО СУДИР СО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО: Полицаецот на ургентен, мотоциклистот во критична состојба!

Вчера во 18.24 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул. „Св.Климент Охридски“ и ул. „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „шкода јети“, сопственост на МВР на Р.М., управувано од полициски службеник од ПС ОН Чаир и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ш. (35) од Скопје.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му бил извршен оперативен зафат и се наоѓа во критична состојба.

Полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и истиот бил задржан во Ургентниот центар.

По наредба на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.

Фото: Ѕид на сообраќајниот срам