дома Временска Прогноза МОЌHАТА АНДРЕА го враќа снегот на Балканот – многу дожд се чека...

МОЌHАТА АНДРЕА го враќа снегот на Балканот – многу дожд се чека и во Македонија

Снегот на Балканот го враќа моќната АНДРЕА на самиот почеток од следната недела и тоа поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север, врнежи од снег повторно се очекуваат на повисоките места низ регионот каде ќе има нови услови за формирање на снежна покривка.

Исто така се очекуваат и доста интензивни врнежи од дожд и тоа особено во соседна Србија, Босна и Херцеговина како и во Хрватска со што може да дојде и до локални поплавувања во текот на следната недела.

Кај нас пак во Македонија од недела попладне и навечер па натаму под влијание на АНДРЕА врнежите значително ќе се интензивираат и локално се очекува значително количество на воден талог па токму поради ова има услови за зголемување на нивоата на реките и на езерата низ државава, локално ќе има и нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер како и појава на град додека пак поради падот на температурите на воздухот следната недела повторно на највисоките планини има услови за нови врнежи од снег.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека пак овчарите своите стада овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.