дома Македонија МПЦ со апел до власта: Да се одложи пописот по примерот на...

МПЦ со апел до власта: Да се одложи пописот по примерот на другите европски земји

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница, одржана на 25 февруари 2021 година, разгледувајќи ги тековните црковни активности, обрна посебно внимание врз актуелните состојби, случувања и појави и заклучи дека влошената епидемиолошка состојба претставува пречка за одржување на пописот и побара од власта, да го следи примерот на другите европски земји кои го одложија попишувањето на населението.

„Поради влошување на епидемиолошката состојба со ковид кризата кај нас, Синодот изразува загриженост и препорачува времено, по примерот на другите европски земји, кои од истите причини веќе ги одложија закажаните пописи и нашата земја да го следи нивниот пример, почитувајќи ги здравствените протоколи“, се вели во соопштението на Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква