дома Македонија МРТВ Е СРАМ, ДНО: Министерот за информатичко општество ја нападна МРТВ!

МРТВ Е СРАМ, ДНО: Министерот за информатичко општество ја нападна МРТВ!

Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски по една година на функцијата јавно ја нападна националната телевизија МРТ на својот „Твитер“ профил. Без да даде детали на што го темели остриот став тој напиша дека тоа е негово лично мислење.

„МРТВ е срам, дно и целосно под политичка контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија нема јавен сервис на граѓаните“ – напиша тој на Твитер.

Уредничкиот колегиум на јавниот сервис ги осуди квалификациите и ги отфрли обвинувањата на министерот.