дома Македонија МРТ најави cанкции за уредникот на албанската спортска редакција

МРТ најави cанкции за уредникот на албанската спортска редакција

Македонската радио телевизија најави санкции доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс кај уредникот на албанската спортска редакција, Мустафа Адеми. Санциите следуваат по бурната реакција на социјалните мрежи во кои тој беше спомнуван дека во преносот од мечот Македонија-Јапонија македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов го насловувал како „играчот со бројот пет“, неизговарајќи му го името и презимето.

-Македонската радио телевизија е јавно претпријатие со единствен систем на управување. Согласно тоа сакаме да ја известиме јавноста дека ќе се преземат сите законски мерки за cанкционирање на однесувањето на некои наши вработени доколку се утврди прекршување на Етичкиот кодекс на МРТ, внатрешните правилници и законите во Република Македонија. За среќа, се уште живееме во држава во која МРТ е едно јавно претпријатие кое ги обединува сите програмски сервиси. Напоменуваме дека сите изјави на вработени на МРТ се нивен личен став, а не став на МРТ како јавен сервис. Нагласуваме дека уредниците на програмските сервиси имаат целосна слобода и автономија во уредувачката политика, но таа секако треба да биде согласно законите и етичките и професионални стандарди. Јавноста набргу ќе биде известена за преземените мерки од овој инцидент. Исто така, апелираме да не се 3лоупотребува името на МРТ бидејќи во овој случај точно е лоцирана индивидуалната одговорност.

Да и посакаме успех на нашата ракометна репрезентација и да се обединиме во нејзините успеси, соопштија од МРТ.