дома Социјални Мрежи МУКОСКИ И ЗАЕВ, ЛАЖАТ?: Генералниот секретар на БЕСА открива дека на состанокот...

МУКОСКИ И ЗАЕВ, ЛАЖАТ?: Генералниот секретар на БЕСА открива дека на состанокот со Заев, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ договарале слобода!

Генералниот секретар на БЕСА Аријанит Хоџа, на фејсбук тврди дека на состанокот со Заев, одметнатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не разговарале за уставните измени како што тврдат, туку преговарале за слобода од обвиненијата кои тие ги имаат во врска со 27.април


„Неколку средби се одржуваат меѓу премиерот Заев и пратениците одметнати од ВМРО-ДПМНЕ, разговарајќи за тема која е надвор од уставните промени како што се “помирување” или “простување” на 27 април, додека во било која изјава премиерот Заев не покажува ниту најмал интерес за отворените прашања во врска со правата на Албанците, односно со зајакнување на правото и еднаквиот статус на сите граѓани.
Ова е “награда” што СДСМ им ја дава на албанските гласачи.“ – вели Хоџа на социјалните мрежи.

БЕСА претходно достави пакет амндмани до Заев со кои се предвидува внесување на двојазичноста во Уставот заедно со Рамковниот договор. Од БЕСА претходно изјавија дека ќе ја повлечат својата поддршка за амандманите за промена на името ако не се усвојат и овие.