дома Македонија Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата?

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата?

Премиерот Зоран Заев ќе го постави Мухамед Зекири за нов генерален секретар на Владата, неофицијално дознава Плусинфо.

Според нашите информации, ова именување за Зекири треба да биде компензација за одлуката на Заев да не го постави директор на Фондот за здравствено осигурување, во кој годишно се слеваат околу 700 милиони евра.

Мухамед Зекири беше кооптиран во врвот на СДСМ, а тој и лидерот Зоран Заев се во кумовска врска.