дома Македонија Мухамед Зеќири седува во директорското столче на Фондот за здравствено осигурување

Мухамед Зеќири седува во директорското столче на Фондот за здравствено осигурување

Мухамед Зеќири ќе биде новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, неофицијално дознава Фокус. Според информациите на медиумот, се очекува во наредната недела да се финализираат последните договори.

Тој ќе го наследи сега актуелниот в.д директор, Миле Сугарев, кој пак, на оваа позиција дојде пред неколку месеци откако, Ден Дончев, си поднесе оставка од позицијата, како што наведе од лични причини.

Откако информацијата беше објавена на социјалните мрежи тргнаа лавина коментари за неговото функцијата која ќе треба да ја извршува Зекири.

Зеќири по 18 години во новинарството ја напушти професијата и се зачлени во СДСМ, каде што стана и пратеник и потпретседател на партијата.