December 1, 2022, 8:41 pm

Муцунски оствари средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј и претставници на НВО Новинари за човекови права.

„На средбата беше презентиран проектот „Хотели за опрашувачи“ во реализација на Новинари за човекови права, а поддржан од Британската амбасада во Скопје

Во склоп на настанот беа презентирани дрвените куќички – хотели за опрашувачи кои беа изработени во склоп на проектот, а подоцна беа донирани на општината. Овие куќички претставуваат прибежишта за опрашувачите во текот на зимските месеци, помагаат во нивно зачувување во урбани средини.

Освен тоа, на средбата со британската амбасадорка Галовеј зборувавме за идни проекти во Општина Аеродром поврзани со менаџментот на кризи, заштита на животната средина и слично. Заедничкиот заклучок од средбата е дека со децата треба да се работи од најрана возраст на едукација за важноста на климатските промени, потребата да се делува итно и чекорите кои може да ги преземе секој од нас за да се заштити животната средина“ – порача тој.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This