дома Хроника Му зeмaлa 1000 eвpa зa хoмoлoгaциja на возилото и гo измaмилa..

Му зeмaлa 1000 eвpa зa хoмoлoгaциja на возилото и гo измaмилa..

На 22.01.2021 во 21.40 часот во СВР Скопје, Б.И.(28) од Скопје пријавил дека бил измамен од С.С. за сума од 58.000 денари.

Според пријавеното, тие претходно се договориле С.С. да му ја заврши постапката околу царинење и добивање на пробни таблички за патничко возило „опел сигнум”, а пред околу 20 дена тој и ги исплатил парите и добил документ за хомологација. Според пријавата, тој го земал возилото, го управувал и на 20.01.2021 бил сопрен од полициски службеници, кои по прегледот на документите утврдиле дека возилото не е царинето и дека документите не се на негово име, туку на име на С.С. и тогаш сфатил дека бил измамен. Како што е пријавено, тој ја побарал С.С., којa му вратила дел од парите и после тоа не му се јавувала на повиците.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.