дома Македонија Мaкeдoнcкo-бyгapcкa кoмиcиja зa иcтopиcки и обpaзoвни пpaшaњa вчepa и дeнecкa гo одpжyвa...

Мaкeдoнcкo-бyгapcкa кoмиcиja зa иcтopиcки и обpaзoвни пpaшaњa вчepa и дeнecкa гo одpжyвa 14. cocтaнoк

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска го одржува 14. состанок, којшто е трет од предвидените пет за оваа година.

На последниот, 13. состанок на мешовитата комисија, одржан на 23 и 24 април во он-лајн формат, не беше постигнат никаков резултат, а се разговарало за македонските учебници за седмо одделение, додека темата Гоце Делчев воопшто не била отворена на барање на бугарската страна.

По завршувањето на дводневниот состанок се очекува да биде објавено соопштение за резултатот од оваа средба на мешовитата експертска комисија.