дома Македонија Мekcико и Дyбaи не се во Aфpика, Paшковски и Hикoлов ки не...

Мekcико и Дyбaи не се во Aфpика, Paшковски и Hикoлов ки не треба да одат во кapaнтин кога ќе се вратат од одмор

Драги Рашковски, советник во Владата и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски нема да одат во 14-дневен карантин кога ќе се вратат од одмор во Мексико, односно во Дубаи.

Рашковски за медимите потврди дека пред два дена заминал со семејството на одмор во Мексико, а Николовски со сопругата е во Дубаи.

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Владата изјави дека не сака да коментира индивидуални одлуки за патување. Како што рече Филипче, карантинот важи само за граѓани кои се враќаат од патување во Африка.

Карантин од 14 дена е препорака за луѓе кои патуваат на африканскиот континент, а причина за тоа е евентуална трансмисија на т. н. јужноафрикански сој кој многу брзо се пренесува и сè уште не се знае ефектот на вакцините, рече Филипче.