дома Македонија НАВИКНАТИ НА СТАРИОТ СИСТЕМ НА КОМУНИЗМОТ И ЕДНОУМИЕТО: СДСМ на Илинден со...

НАВИКНАТИ НА СТАРИОТ СИСТЕМ НА КОМУНИЗМОТ И ЕДНОУМИЕТО: СДСМ на Илинден со соопштение отвори „војна“ против МРТВ!

Владејачката СДСМ која со години зборува за слобода на медиумите, денеска, кога се уште не е завршена програмата на јавниот сервис за Илинденското празнување, ја нападна Македонската телевизија, а со тоа и слободата на новинарството за која декларативно се залага.

Еве го соопштението од Бихаќка кое беше објавено додека програмата се уште беше во тек:

– Националниот јавен сервис МТВ, денеска, на големиот државен празник 2 август – Денот на Републиката, емитуваше програма преку која упатуваше пораки спротивни на националните стратешки интереси на Република Македонија. Со денешната програма од чествувањата на Илинден, МТВ ги оспори и ги доведе во прашање стратешките интереси на Република Македонија, а членството во ЕУ и НАТО го сведе на прашање за полемика и го означи како определба на една политичка структура, наместо како генерациска определба на сите граѓани на Република Македонија, се вели во соопштението на владејачката СДСМ.

Натаму, се додава дека „МТВ денеска наместо да се издигне на нивото на Денот на Републиката, одлучи да дејствува пропагандно и да ги спори државните интереси“.

Поради тоа СДСМ бара и казни за тие што во практика го прават тоа за кое СДСМ се залага декларативно – слободно информирање на граѓаните:

– Мора да има одговорност за денешното неодговорно и антидржавно однесување на јавниот сервис. Програмскиот совет, директорите и уредниците, итно мора да поднесат оставки за ваквото дејствување кое е спротивно на интересите на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.