дома Свет „НАДВОР ОД ПАМЕТ“: Прва изјава на Јулија Скрипаљ по труењето во Солсбери

„НАДВОР ОД ПАМЕТ“: Прва изјава на Јулија Скрипаљ по труењето во Солсбери

Јулија Скрипаљ изјавила дека се разбудила пред една недела и дека и е подобро, се наведува во соопштението кое го објави Скотланд Јард

„Се разбудив пред една недела, се опоравувам секој ден“, се наведува во соопштението кое го објави британската полиција.

Таа за инцидентот рекла дека е „надвор од памет“ и побарала да се почитува нејзиниот приватен живот додека се опораува.

„Морам да се заблагодарам на многу луѓе за опоравувањето, помеѓу останатото би сакала да им се заблагодарам на жителите на Солсбери кои пријдоа во помош додека јас и татко ми бевме неспособн. Би сакала да се заблагодарам на персоналот во болницата во Солсбери за нивната грижа и професионализам“, рекла Скрипаљ.

Претходно Министерството за надворешни работи на Велика Британија одби да ги предаде примероците од отровот со кој биле отруени Јулија и Сергеј Скрипаљ на Русија за вештачење.