дома Македонија НАДВОР ОД СИТЕ ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ:Во „Канал5+“ бил вработен само директорот

НАДВОР ОД СИТЕ ЗАКОНИ И ПРАВИЛНИЦИ:Во „Канал5+“ бил вработен само директорот

Директорот на Агенцијата за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги на Советот му предложи да ѝ биде одземена дозволата за телевизиско емитување на телевизијата „Канал5+“ поради неисполнување на одредби од Правилникот за минималните кадровски, технички, финансиски и просторни услови за работа.

Наместо во телевизијата да работат 30 лица, од кои, 10 треба да бидат новинари со завршено високо образование, во медиумот бил вработен само директорот.

Агенцијата во неколку наврати се обидувала да добие известување од телевизијата, но освен привиот одговор, сите останати биле игнорирани. „Канал 5+“, заедно со А2 телевизија и Сител 3 плус беа првите приватни телевизии со сателитска национална концесија кои започнаа со емитување програма во 2008 година.

Телевизијата во првата година имаше информативна редакција. По само неколку месеци уредниците и новинарите беа отпуштени, а телевизијата, и покрај обврската да емитува сопствена програма, продолжи да ги презема вестите од сестринската „Канал 5“, со посебен водител.