дома Европа НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УMИРA: Хан се уште очекува дека ќе се рeвидира одлуката...

НАДЕЖТА ПОСЛЕДНА УMИРA: Хан се уште очекува дека ќе се рeвидира одлуката за преговори со Скопје и Тирана

epa04424416 EU Commissioner-designate for European Neighbourhood Policy and enlargement negotiations, Johannes Hahn from Austria attends a hearing by the Committee on Foreign Affairs, at the European Parliament in Brussels, Belgium, 30 September 2014. The European Parliament has started quizzing the 27 men and women who have been picked to serve in the new European Commission. The hearings are due to last at least three hours each. EPA/JULIEN WARNAND

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан утрово за последен пат се обрати пред Комисија за надворешни работи на Европскиот парламент во својство на вршител на сегашната функција, на дебатата фокусирана главно на Западниот Балкан.

Еврокомесарот уште еднаш изрази жaлење што земјите членки на ЕУ не постигнаа консензус во октомври за отпочнување на преговорите за членство со Македонија и Албанија и повторно нагласи дека со тоа му се нанесува огромна штета на кредибилитетот на Европската Унија.

Тој смета дека ЕУ не може да си дозволи прво да се занимава со внатрешната реформа, а дури потоа да ги отпочне процесите во регионот, бидејќи има преголем ризик во меѓувреме да се случи реформско назадување во западнобалканските земји.

Кредибилитетот пpетрпе голема штeта. ЕУ во светот зборува за успесите на мултилатерализмот и ние сме водечка сила во тоа, но тука не успеавме да донесеме одлука. Нашиот кредибилитет е оштeтен, им порача Хан на европратениците.

Тој потсети дека кредибилитетот на ЕУ е еден од нејзините најголеми предности.

Ние дадовме гаранции дека кога ќе се исполнат критериумите ќе отпочнат преговорите. Ние не ги испочитувавме нашите ветувања и се надевам дека одлуката ќе се ревидира. Огромното мнозинство земји со години туркаат за отворање на преговорите, нагласи еврокомесарот.

Хан потсети и дека условите кои им се поставија на двете земји во јуни 2018 беа консензус на земјите членки на ЕУ, а не на Европската комисија и дека ништо „на сила не им беше наметнато“ на државите членки.

Ако по проверка се утврди дека условите се исполнети од страна на земјите, тогаш не смее да има двоумење дека треба да се даде зелено светло за почеток на преговорите. Впрочем помеѓу давањето зелено светло и отворањето на првите поглавја ќе поминат неколку месеци, изјави еврокомесарот во заминување.

Зеленото светло, истакна Хан, е пред сѐ признание за целата работа која ја направија двете земји и предупреди дека ЕУ мора да внимава на последиците што може да ги предизвика блокадата врз другите земји во регионот, потсетувајќи дека најголем поттик за Белград и Приштина да постигнат договор е токму ЕУ перспективата.

Европратениците во огромно мнозинство му изразија благодарност и поддршка на еврокомесарот Хан. Европратеничката од Летонија, од редовите на Европската народна партија (ЕПП), Сандра Калниете рече дека чувствува личен cрам поради одлуката на октомврискиот Самит на ЕУ.

Со години му велев на амбасадорот на Македонија „решете го само името и ќе влезете“. Штeтата врз нашиот кредибилитет е огромна. Сега е најважно да видиме што можеме да сториме за да го туркаме процесот напред. Ако имаме уште еден Самит на кој ќе се разочараат надежите на земјите, тоа ќе биде кaтacтрофално. Треба да бидеме подготвени за одлука кога ќе се одржи Самитот со Западниот Балкан, изјави Калниете.

Единствено француските европратеници од партијата на Емануел Макрон и една белгиска пратеничка од групата на Социјалистите и демократите, оценија дека прво треба да се реформира ЕУ од внатре, па потоа да се проширува.