дома Македонија НАДЛЕЖНИТЕ МОЛЧАТ ЗА СКАНДАЛОТ ВО „ДИМИТАР МИЛАДИНОВ“: Ученици пиеле вода помешана со...

НАДЛЕЖНИТЕ МОЛЧАТ ЗА СКАНДАЛОТ ВО „ДИМИТАР МИЛАДИНОВ“: Ученици пиеле вода помешана со фекалии, три дена распуст за учениците во „Димитар Миладинов“

Основното училиште „Димитар Миладинов“ во Центар од вчера итно е затворено поради неисправна вода за пиење. Учениците не посетуваат настава, а во соопштението од директорката на училиштето поставено на влезот во училиштето се наведува дека учениците нема да можат да посетуваат настава се до четврток.

-Поради дефект на водоводната мрежа и техничка неисправност на водата, која не смее да се пие, училиштето ќе биде затворено од денеска, 6 ноември, како и в среда и в четврток. Дополнително ќе следат информации согласно со состојбата – стои во известувањето од директорот.

Според неофицијалните информации на „Нова Македонија“, водата што ја пиеле децата се мешала со фекалии кои биле пронадејни во надворешната шахта и повеќе деца од училиштето имале стомачен вирус. Примероци од водата која ја пиеле децата веќе се дадена на анализа и се очекуваат резултати во текот на денешниот ден.

За затворањето на училиштето вчера преку соопштение информираше и Општина Центар.