дома Европа Над 10 милиони заболени во Европа, расте и стапката на cмртност

Над 10 милиони заболени во Европа, расте и стапката на cмртност

Un barbat de 40 de ani din Deva infectat cu coronavirus a fost adus cu izoleta la Spitalul de Boli Infectioase Victor Babes din Timisoara, vineri 6 martie 2020, Timisoara

Европа денеска го надмина прагот од 10 милиони случаи на коронавирус, соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге и посочи дека оваа недела Европа бележи најголема зачестеност на случаи Ковид-19 од почетокот на пaндемијата, откако во изминатите седум дена се пројавени 1,5 милиони пациенти.

-Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми од седум на девет милиони за само 14 дена, а денеска Европа го надмина прагот од 10 милиони случаи, рече Клуге на вонредниот состанок во Копенхаген на министрите за здравство во европскиот регион на СЗО посветен на прогнозите за зимата во врска со коронавирусот, се вели во соопштение на СЗО.

Тој додаде дека во повеќето европски земји во период од 14 дена е регистрирана многу висока стапка на инциденца од повеќе од 200 случаи на 100.000 жители.

Клуге истакна дека бројот на хоспитализирани се искачи на ниво што не е забележано минатата пролет, со повеќе од 10 хоспитализирани на 100.000 жители во третина од земјите во Европа.

Тој додаде дека стапката на cмртност нагло се зголемила, и минатата недела регистрира раст од 32 проценти низ цела Европа. (МИА)