дома Хроника Над 100 возачи kaзнети на територијата на Тетово и Kуманово за само...

Над 100 возачи kaзнети на територијата на Тетово и Kуманово за само четири часа

118 вoзачи биле казнети при засилени акциски контроли на територијата на Куманово и Тетово.

Денеска (14.07.) во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 54 возачи, од кои двајца возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Денеска (14.07.) во периодот од 08 до 12 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 64 возачи, од кои 53 на територија на Тетово, а 11 на територија на Гостивар. 26 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.