дома Балкан Над 2000 заpaзени во Словенија, починaлe 43 лица

Над 2000 заpaзени во Словенија, починaлe 43 лица

Бројот на новозаразени со коронавирус во Словенија се зголеми за 2.013, според веб-страницата „Ковид-19 Следилник“.

6.813 лица биле тестирани за коронавирус и процентот на позитивни е 29,5, во изминатите 24 часа починале 43 лица,  објави СТА.

Во болниците има 1.280 пациенти, пет повеќе од вчера, од кои 209 се на интензивна нега, еден повеќе од претходниот ден.

Во Словенија од почетокот на епидемијата со коронавирус се заразени 58.950 лица, а бројот на смртни случаи се искачи на 919 лица.