дома Хроника НАПАДНАЛЕ БАБА СО ПИШТОЛ ЗА ОСМИНКА БУРЕК: Хаос во бурекџилница во Скопје!

НАПАДНАЛЕ БАБА СО ПИШТОЛ ЗА ОСМИНКА БУРЕК: Хаос во бурекџилница во Скопје!

На 22.04.2018 година е пријавено дека околу 00,15 часот во Скопје на улица „Христо Татарчев“ во фурна „Христина Клас“, додека Љ.Н.(64) од Скопје, била на нејзиното работно место заедно со нејзиниот син дошле три непознати лица во алкохолизирана состојба и побарале да јадат без пари.

Откако им било укажано дека не може да јадат без пари, едно од лицата кое имал боксирач во раката започнал да ја крши вратата и витрините од бурекџилницата.

По ова, Љ.Н. им рекла дека за 30 денари не вреди да се расправаат, а истите физички ја нападнале, едно од лицата вперило и пиштол кон неа.

По преземени мерки во врска со пријавениот настан во Полициска станица Кисела Вода се приведени А.Ф.(22), Ф.Б(25) и Г.Г.(29) сите од Скопје.

Се превземаат мерки за документирање на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.