дома Хроника НАПАДНАТИОТ „КОМИТА“ ВО ДОБРА СОСТОЈБА: Нападнатиот „Комита“ бил повреден во нога со...

НАПАДНАТИОТ „КОМИТА“ ВО ДОБРА СОСТОЈБА: Нападнатиот „Комита“ бил повреден во нога со нож и е во добра здравствена состојба

Момчето кое беше нападнато вчера во автобус број 22 кој се обраќал од Ѓорче Петров кон Центар, е во добра здравствена состојба, а напаѓачите успеала да го зафатат само во ногата. По кратка интервенција на лекарите повредата била санирана

Министерството за внатрешни работи објави дека вчера пред полноќ во градски автобус со број 22, кој сообраќал на релација Центар – Волково, во близина на Поликлиниката – Ѓорче Петров, вербална расправија на две групи прераснала во физичка пресметка, при што еден од учесниците бил повреден со нож.

„Лицето Н.М. (17) од Скопје се здобил со телесни повреди нанесени со нож (две посекотини на десната нога) по што е пренесен во болницата “8-ми Септември“ каде што му е укажана лекарска помош и е пуштен дома. Потоа Н.М. отишол во полициска станица и дал изјава за настанот. Две лица се приведени во Полициска станица“, информираат од полицијата.

На социјалните мрежи кружат информации дека нападнатиот е член на навивачката група на фубалскиот клуб Вардар – Комити, како и фотографии од двајцата напаѓачи, кои се дел од ривалската навивачка група Шверцери на Шкупи од Чаир.