дома Свет НАПАДНАТ АМЕРИКАНСКИ ВОЕН БРОД: Хутите во Јемен извршиле ракетен напад на Американски...

НАПАДНАТ АМЕРИКАНСКИ ВОЕН БРОД: Хутите во Јемен извршиле ракетен напад на Американски разурнувач!

Според претставници во Морнарицата на САД кои под услов на анонимност се согласиле да зборуваат, американски разурнувач бил жртва на ракетен напад од страна на Хутите во Јемен

Бродот УСС Масон и амфибискиот транспортер УСС Понс кои оперирале на северот на преминот Баб ал-Мандаб, помеѓу југозападниот брег на Јемен и Џибути. Одбрамбените ракети биле лансирани, но ниту еден од бродовите не бил оштетен.

Ова е втор ваков инцидент во четири дена. Ракетите биле лансирани врз УСС Масон во неделата во истиот регион.

„Ќе дознаеме кој го направил тоа и ќе преземеме соодветни активности“, рекол Капетан Џеф Дејвис. Портпаролот на Пентагон изјавил пак дека „секој кој ќе ги стави бродовите на САД во ризик се става и себеси во истиот“.

Во понеделникот, анонимен претставник на Хутите за Ројтерс негирал било каков инцидент во кој Јемен ги нападнал американските бродови. Во меѓувреме, Саудиска Арабија, САД и владата на Хадите поддржана од САД, постојано го обвинуваат Иран за снабдување на Хутите со оружје, обвинение кое Иран остро го отфрла.