дома Хроника НАПАДНАТ НОВИНАР НА ТЕЛМА: Додека се подготвувал за директно вклучување во вестите...

НАПАДНАТ НОВИНАР НА ТЕЛМА: Додека се подготвувал за директно вклучување во вестите на ТВ Телма новинарот нападнат со тупаници!

Додека новинарот на Телма, Павле Беловски се подготвувал од пред зградата на МВР да се јави во последното издание на вестите во оваа телевизија, бил нападнат со тупаници од непознато лице. Полицајците кои биле во близина веднаш го привеле напаѓачот и го внеле во полициско комбе.

Новинарот сепак со својот прилог во врска со новите информации во врска со случајот СЈО-УБК се јави во вестите на Телма. Телевизијата за утре најави пријава за нападот врз новинарот додека ја извршувал својата задача во близина на зградата на МВР