дома Балкан НАПАД ВРЗ КУЌАТА НА ТЕОДОРАКИС: Грчките анархисти ја нападнаа куќата на композиторот...

НАПАД ВРЗ КУЌАТА НА ТЕОДОРАКИС: Грчките анархисти ја нападнаа куќата на композиторот Теодоракис, кој утре треба да зборува против „Скопје“

Микис Теодоракис треба да биде еден од главните говорници на утрешниот митинг против „Скопје“ на главниот плоштад Синтагма во Атина.

Напад врз куќата во која живее познатиот грчки композитор, во близина на Акропол, во Атина, се случил денес кратко по 15:30 часот.

Група на анархисти, според весникот “GreekReporter“, фрлал бои на влезот на куќата на Теодоракис, и испишале заканувачки пораки со спреј на ѕидот на куќата по што веднаш заминале.

„Вашата приказна започнува во планината и завршува на националните могила на Синтагма“, се вели во една од пораките која се однесува на утрешниот митинг.

Микис Теодоракис треба да биде еден од главните говорници на утрешниот митинг против „Скопје“ на главниот плоштад Синтагма во Атина.

Идентитетот и бројот на сторители сé уште не е познат, пишува и „Катимерини“.

За попладнево беше најавен протест на анархист во Атина во исто време кога екстремнодесничарскат „Златна зора“ во седиштетото на партија ќе одбележува годишнина од грчко-турскиот инцидент на островпот Имија во 1956-та година.

Полицијата презема мерки да не дојде до судир меѓу двете спротивставени групи.