дома Актуелно Народот повторно на улица ќе бара пpaвда за ycтавобpaнителите

Народот повторно на улица ќе бара пpaвда за ycтавобpaнителите

Денеска пред владата на Република Македонија ќе се одржи протест со цел да се испрати порака и да се побара правда за Уставобранителите.

Учесниците ќе протестираат за правда на затворените за случајот 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година. Ова не е прв протест на уставобранителите.

Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци.

Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку пати истакнаа дека ќе им дадат поддршка на протестот.