дома Социјални Мрежи НАРОДОТ ПРВ ПАТ ПОКАЖА ПАСИВЕН ОТПОР: Апасиев честиташе на успешно положениот испит...

НАРОДОТ ПРВ ПАТ ПОКАЖА ПАСИВЕН ОТПОР: Апасиев честиташе на успешно положениот испит за неуспешен референдум!

Професорот Димитар Апасиев им честита на сите здраворазумски луѓе кои синоќа не одговорија на поканата на премиерот и не учествуваа на прославата за самоукинување. Апасиев, кој е член на Презедиумот на Левица, како и самата партија, повикаа на бојкот на прославата.

„Народот прв пат покажа ПАСИВЕН ОТПОР!
Честито на сите здраворазумски луѓе. Ова е знак дека има надеж за нас, како општество на мислечки битија. Положивме приемен испит за неуспешниот референдум за самоукинување“, напиша Апасиев на Фејсбук.