дома Социјални Мрежи Народот се буди: И утре блokaди во Скопје и протecт во 20...

Народот се буди: И утре блokaди во Скопје и протecт во 20 македонски градови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил најави продолжување на протестите и утре. Протести ќе се одржат во 20 македонски градови. Во Скопје протестот ќе се одржи пред Владата, МНР и Министерството за правда.

Зоран Заев објави дека ќе ја менувал историјата во учебниците. Зоран Заев објави дека имало договор за 3 записници, а за 11 се пред договор, но не кажува која е цената за тоа. Зоран Заев вели договорена е формулација за 5 историски личности, не правејќи разлика од споделена и заедничка историја, пишува Мицкоски на фејсбук.

Заев тргува со идентитетот, јазикот, историјата.

Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна.

Утре протест во 20 градови низ Републиката и блокада на Владата, МНР и Министерството за правда!, објави тој.