дома Хроника НАСИЛСТВАТА ЗАПОЧНУВААТ: Во Лисиче запален автомобил на активист на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека...

НАСИЛСТВАТА ЗАПОЧНУВААТ: Во Лисиче запален автомобил на активист на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека му го запалил активист на СДС

Автомобилот на симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ бил запален и целосно уништен во скопско Лисиче.

-Е ова се вика живот во Македонија, вака ли ќе имаме слобода. Запалена ми е колата од страна на СДСМ активист, пишува сопственикот на возилото на социјалната мрежа Фејсбук.

Посочува и дека ваквите напади нема да го исплашат.

Ова не е прв случај, каде членови и симпатизери на СДСМ се служат со разни облици на насилство во изминативе четири месеци. Медиумите во повеќе наврати информираа за насилни и криминални активности, но од полицијата имаше молк.